Правна изјава

Oдредби и услови


Користејќи ја веб страницата www.foundationmedicine.mk или кој било друг портал во сопственост или главен оператор на Рош Македонија ДООЕЛ Скопје, Вие се согласувате со овие услови за користење. Ако имате забелешки за овие услови или не се согласувате со овие услови на употреба, Ве молиме не користете ги веб страниците / порталите во сопственост на Рош Македонија ДООЕЛ Скопје.

Рош Македонија ДООЕЛ Скопје направи и ќе продолжи да вложува значителни напори за да обезбеди точни и ажурирани информации и линкови до веб страници/портали. И покрај ова, Рош Македонија ДООЕЛ Скопје не дава гаранции, експлицитни или имплицитни, ниту е одговорно за точноста, комплетноста, доверливоста или достапноста на информациите или содржината прикажана на веб страницата/порталите. Содржината на веб страниците/платформите се обезбедува „како што е“, без никаква гаранција, експлицитна или имплицитна, што вклучува, но не е ограничено на тоа, наметната гаранција за задоволителен квалитет и соодветност за наменетата употреба.

Содржината на оваа веб страница/портал е информативна и едукативна. Ништо што е содржано на оваа веб страница/портал не претставува или може да се толкува како давање конкретни медицински совети или препораки како и промовирање на лекови и медицински помагала за јавноста.

Информациите на оваа веб страница/портал не се замена за професионалниот совет даден од страна на квалификувани здравствени работници: само лекар може да утврди дали одреден лек, медицински или друг производ е погоден за лекување на некоја личност. Ако имате какви било прашања во врска со какви било информации содржани на оваа веб страница/портал, Ве молиме обратете се кај Вашиот лекар или друг квалификуван здравствен работник.

При донесување на одлука за препишување на лекови, медицински или други производи, здравствените работници треба да се потпираат само на информациите за лекот содржан во резимето на карактеристиките на производот и упатствата за употреба, а не на содржината на оваа веб страница/портал или веб страници/портали до кои е можно да имате пристап.

Авторски права, заштитени марки на производи и други ограничувања

Веб страницата www.foundationmedicine.mk и сродните портали се сопственост на Рош Македонија ДООЕЛ Скопје. Целокупната содржина на веб страниците/порталите на Рош, со исклучок на линковите, вклучувајќи ги фотографиите, графиката, имиња на производи и знаци, логоа, илустрации, аудио и видео записи, се заштитени со авторско право според македонските или меѓународни регулативи, и е во сопственост на Roche Products Ltd, F. Hoffman-La Roche Ltd. и Рош Македонија ДООЕЛ Скопје.

Можете да ја користите содржината на веб страницата и поврзаните системи само за ваши лични некомерцијални цели. Неовластената модификација на содржината или нејзината употреба за која било друга цел е кршење на законите за заштита на авторските права, правата од индустриска сопственост и други права на сопственост.

Корисникот пристапува до веб страницата или до сите поврзани страни и до нивната содржина на сопствен ризик и ги прифаќа сите ризици што можат да произлезат од нивната употреба.

Ограничена одговорност

Рош Македонија ДООЕЛ Скопје нема да одговара за какви било штети што произлегуваат од употреба, злоупотреба или неможност за користење на веб страницата/порталот или страниците поврзани со веб страницата. Рош Македонија ДООЕЛ Скопје не може да гарантира, ниту гарантира безбеден, непрекинат и постојан пристап до веб страниците.