Услови на употреба

Веб страницата www.foundationmedicine.mk e наменета за корисници од Република Северна Македонија, физички и правни лица со живеалиште/престојувалиште/седиште на територијата на Република Северна Македонија. Рош Македонија ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност за пристап и употреба на оваа веб страница од страна на корисници од други јурисдикции и штети што можат да бидат резултат на каква било употреба на содржината на оваа веб страница, во целост или делумно, и за какви било цели надвор од територијата на Република Северна Македонија.

Овие услови на употреба се применуваат на вашиот пристап и употреба исклучиво на овие веб страници и веб страници под контрола на други компании на Групацијата Рош кои имаат врска до овие услови на употреба. За целите на овие услови на употреба, поимот Групација Рош означува матична компанија  F. Hoffmann-La Roche Ltd. од Швајцарија и сите сродни компании, вклучително и Рош Македонија ДООЕл Скопје.

Со пристапување или користење на оваа веб страница, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и се согласувате со овие услови на употреба.

Пријава на несакани реакции и посебни ситуации 

Оваа дигитална платформа не е наменета ниту дизајнирана за пријавување на несакани реакции од лекови. Здравствен работник кој е свесен за сомнителна несакана реакција или специјална состојба поврзана со употребата на лек на Рош, треба да го пријави истиот настан во рок од еден работен ден до лицето одговорно за безбедност на употребата на лекови  во Рош. Во согласност со локалното законодавство, од здравствените работници се бара да пријават каков било сомнеж за несакана реакција на лекови директно до Агенцијата за лекови и медицински средтсва (МАЛМЕД).

Контакт детали за известување на несакани реакции при примена на лек на Рош

За пријавување на несакани реакции и достава на извештај за посебни ситуации Ве молам контактирајте го:
Д-р Панче Караланов (Одговорно лице за безбедност на лекови).
E-mail: macedonia.drugsafety@roche.com