За соработката помеѓу Рош и Foundation Medicine

Со здружени сили – Рош и Foundation Medicine

Рош, водечка иновативна фармацевтска компанија и Foundation Medicine, водечка компанија во светот за услуги на молекуларна анализа, ги поврзуваат здравствените работници и нивните пациенти со најновите терапевтски пристапи, претворајќи ја индивидуализираната медицина во реалност за илјадници пациенти ширум светот.

Како водечка иновативна компанија во развивање на лекови за малигни болести, Рош направи чекор напред во борбата против малигните заболувања со тоа што стана доминантен/мнозински акционер на американската компанија Foundation Medicine Inc. (FMI) која е посветена на анализа на геномот на клетките на туморот со цел пронаоѓање клинички значајни мутации кај гените, коишто на лекарите им помагаат во пронаоѓање на ефикасни терапевтски решенија за пациентите.

Рош и Foundation Medicine им овозможуваат сеопфатно генско тестирање на пациентите со малигни болести, комбинирајќи ги посветеноста и експертизата во онкологијата на Рош и водечката технологија, потврденост и искуство во профилирање на туморите во Foundation Medicine.14